Автомобил влета во толпа пешаци во североисточниот кинески пристанишен град Далиан, при што загинаа пет лица, објавија државните медиуми.
Во саботата црна лимузина влетала во луѓе што ја преминуваа улицата и побегна од местото на несреќата, објави новинската агенција Ксинхуа, повикувајќи се на Бирото за јавна безбедност на Далиан.
Четири лица беа убиени на самото место, а едно лице беше пренесено во болница, но им подлегна на повредите. Уште петмина повредени се задржани во болница на лекување.
Возачот е пронајден и уапсен, утврдено е дека возел под дејство на алкохол или дрога.
Истрагата е во тек.
