-4.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ВО ТЕЛ АВИВ

Илјадници демонстранти вчера вечер излегоа на улиците на Тел Авив барајќи соживот за Евреите и Арапите.

Демонстрации во Тел Авив се само еден од протестите во бројни градови во Израел, на кои се бара мир меѓу Израелците и Палестинците по 11 дена вооружени конфликти, пренесува АП.

Лидерот на највлијателната арапска партија во Кнесет, Ајман Одех, повика на формирање палестинска држава покрај Израел.

  • Два народа живеат овде и двата имаат право на самоопределување, рече Оде.

Познатиот израелски писател Дејвид Гросман истакна дека „битката што се води денес не е борба меѓу Арапите и Евреите, туку меѓу оние кои се обидуваат да живеат во мир и искрена соработка од двете страни и оние кои се хранат со омраза и од едната и од другата страна и насилство“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести