spot_img
28.8 C
Skopje
недела, мај 23, 2021
spot_img

Њујорк доби парк кој левитира над река (ФОТО)

Пловечки парк со големина од околу еден хектар, поставен на 132 бетонски лалиња над реката Хадсон, неодамна беше отворен во Њујорк.

Тој симболично треба да ја претставува преродбата на градот по пандемијата што длабоко го обележа.

Паркот наречен Мал остров (Little Island), достапен бесплатно преку два пешачки моста, е изграден на мостот 54 на бродската компанија White Star, местото каде што стигнаа преживеаните од бродоломот Титаник во април 1912 година, пишува порталот SEEbiz.

Вештачкиот остров чинеше околу 260 милиони долари и најмногу беше финансиран од фондацијата на претприемачот Бери Дилер и неговата сопруга, модниот дизајнер Дајан фон Фирстенберг. Милјардерот за „New York Times“ изјави дека ќе ги преземе трошоците за одржување на паркот во првите 20 години.

Вкупно, неговиот придонес може да достигне 380 милиони долари, што е невидена приватна донација за јавен парк.

Паркот речиси не беше завршен поради низа правни проблеми, но во 2017 година, гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендру Куомо, успеа да постигне договор од сите страни.

Изградени на различни височини, од 5 до 18 метри со цел да се создаде одредено олеснување, лалињата тежат по 68 тони. Во паркот се засадени 350 видови растенија, грмушки и дрвја.

Сместено е помеѓу 13-та и 14-та улица и има амфитеатар со скоро 700 места. Тој е дел од паркот на реката Хадсон, на крајниот југ на Менхетен.

  • Најискрено сум среќна што сум овде и што ја преживеав пандемијата, рече една од првите посетители, Барбара Кенер, која ја изгуби работата за време на кризата што пофоди повеќе од 30.000 луѓе во Њујорк.

Пејзажниот архитект Синие Нилсен, кој го дизајнираше паркот, сака посетителите „да го напуштат градот, сообраќајниот метеж и да влезат во просторот на изненадувања“, рече таа.

  • Се надевам дека тие ќе излезат од паркот посмирени и посреќни отколку кога влегоа, додаде таа.

Читај Следно

10,362FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести