spot_img
17.8 C
Skopje
сабота, мај 22, 2021
spot_img

ДЕМИ ЛОВАТО ПОВТОРНО ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА: Јас не сум ни женско, ни маж.. јас сум од “тие” (фото)

Американската пејачка Деми Ловато (28) повторно ја шокираше јавноста со изјавата дека се декларира ако небинарна личност, односно во превод, таа повеќе не ја користи заменката „јас“ за себе, туку заменките во множина „тие“. Небинарните лица не се идентификуваат како мажи и жени, ниту пак подлежат на различни родови норми.

Таа истакна дека промените претставуваат различност и слобода на нејзиното сексуално изразување.

Уште во март оваа година, Деми објави дека е пансексуална личност (сексуална ориентација која се карактеризира со сексуална, емоционална и духовна привлечност кон луѓето, без оглед на нивниот пол или родов идентитет).

“Секој ден се будиме и добиваме нова можност да бидеме тоа што сме“, напиша таа пред неколку дена на социјалните мрежи.

Поп-ѕвездата целосно ја скрати својата долга црна коса, потенцирајќи дека тоа ја ослободува. Таа објасни дека тоа го сторила „затоа што само сакала да се ослободи“ од сите стереотипи и очекувања што ѝ биле наметнати во текот на нејзиниот живот. Таа објасни дека тоа се очекувањата „што ѝ се доделени“.

Воспитувањето на луѓето може да ги обликува на многу начини и тоа не е секогаш добро.

“Кога се потстрижав, се чувствував ослободено од сето тоа“, рече таа, додавајќи дека порано чувствувала притисок да биде нешто што не е.

„Тајните носат болест“, рече Деми, објаснувајќи дека таа сто пати ја слушнала изреката. Таа додаде дека веќе нема никакви тајни и дека конечно се чувствува слободна и повеќе не се грижи за туѓите очекувања.

Читај Следно

10,363FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести