spot_img
20.8 C
Skopje
сабота, мај 22, 2021
spot_img

Британците ако сакаат во Германија мораат во карантин

Германскиот институт за јавно здравје ги прогласи Велика Британија и Северна Ирска за региони со висок ризик како резултат на растечкото ширење на индискиот сој на Корона вирусот, па затоа секој што влегува во Германија од Велика Британија мора да биде во карантин две недели.

“Сакаме да бидеме внимателни. Во оваа важна фаза од кампањата за вакцинација, мора да се избегне влегување на проблематични мутации колку што е можно повеќе”, изјавија од германската влада.

Според одредбата што стапува на сила во недела на полноќ, во карантин мораат и луѓето кои се целосно вакцинирани и оние кои се опоравиле од Корона вирусот.

Германскиот министер за здравство Јенс Спан на почетокот на овој месец рече дека верува оти третиот бран на коронавирус е сузбиен, но мора и понатааму да бидат претпазливи.

„Ако сакаме да продолжиме да го намалуваме бројот на заразени лица, мора да ги спречиме заразните варијанти на вирусот да го загрозат овој позитивен тренд“, рече портпаролот на Министерството за здравство.

Тој додаде дека овој чекор е тежок за Велика Британија, но дека е потребен во борбата против брзото ширење на индискиот вид во Германија.

Читај Следно

10,363FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести