8.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

На јапонскиот машиновозач му се заканува казна откако ја напушти кабината на брз воз неколку минути за да оди во тоалет

На јапонскиот машиновозач му се заканува казна откако ја напушти кабината на брз воз неколку минути за да оди во тоалет. Возачот побарал од кондуктерот, кој немал возачка дозвола, да управува со возот кој се движел со брзина од 150 км на час, јавуваат локалните медиуми.

Во тој момент, возот „ Hikari 633“ превезувал 160 патници, пренесува ВВС.
Инцидентот, наводно, не влијаел на патувањето, но железничката компанија го пријавила тоа до властите и испратило извинување.

Според изјавата на Централната јапонска железничка компанија (JR Central), инцидентот се случил во неделата наутро, додека возот минувал низ централната префектура Шизуока.

Возачот (36), кој не беше именуван, почувствувал болка во стомакот, и морал веднаш да го искористи тоалетот. Тој го повикал кондуктерот во кокпитот за да ги контролира командите, а потоа отишол во тоалетот во патничката кабина на околу три минути, беше објавено од JR Central.

Правилата на компанијата предвидуваат ако возачите не се чувствуваат добро, тогаш тие мора да се јават во нивниот команден центар за транспорт. Ним им е дозволено да побараат од кондуктерот да ја преземе контролата, но само доколку истиот има возачка дозвола.

Возачот и кондуктерот сега се соочуваат со можни дисциплински мерки, соопшти железничката компанија.

  • Тоа беше крајно несоодветен чин. Се извинуваме – им рече на новинарите високиот функционер Масахиро Хајацу.

Јапонските железници, познати по својата ефикасност, се строго регулирани по високи безбедносни стандарди, а железничките несреќи се ретки.

Последниот голем инцидент се случи во 2005 година кога воз излета од шините во западниот град Амагасаки, при што загинаа 107 лица.

Јапонската мрежа на железнички возови „Shinkansen“ во својата 57-годишна историја никогаш немала несреќа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести