Бројот на новозаразени во вчерашното деноноќие е 87 заразени од направени 2953 тестирања. Починале 17 пациенти на возраст од 47 до 82 години, а оздравени биле 197.
Вкупната бројка пак на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава заклучно со вчера е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите.
Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021, покажува при зголемен број тестирања од 6,3 отсто и тестирани вкупно 16773 материјали во лабораториите регистрирани се 674 нови позитивни случаи во земјата со намалување од 48,3 посто во однос на минатата недела.
Министерот Филипче се надева дека бројките ќе продолжат да се намалуваат и оти потоа ќе може да се размислува и зборува за олабавување на мерките, кои според заклучок на Комисијата за заразни блолести активните мерки остануваат во сила до 1 јуни.
-Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и сè уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса, истакна министерот, кој додаде дека ако и понатаму продолжат да се намалуваат бројките на заразени со коронавирусот, разумно и има логика да се ипмлементира од почетокот на јуни, но, како што рече, не може да тврди дека ќе биде така бидејќи за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.
Според Филипче, сите други протоколи во однос на организација на настани се многу соодветни и треба да продолжат и понатаму да се спроведуваат.
Од почетокот на епидемијата во земјава вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица достигна 154 891, а направени се вкупно 763 451 тестирања. Оздравени се 146 499 пациенти, починати 5249, а активни случаи има 3143.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68323, активни 1241
Куманово 8789, активни 294
Прилеп 8277, активни 139
Тетово 7196, активни 114
Битола 6275, активни 208
Велес 5463, активни 79
Гостивар 5161, активни 56
Кавадарци 5149, активни 43
Охрид 4991, активни 191
Штип 4956, активни 63
Струмица 4105, активни 90
Струга 2974, активни 70
Кочани 2780, активни 53
Кичево 2544, активни 81
Гевгелија 2190, активни 29
Неготино 2182, активни 24
Свети Николе 1521, активни 41
Ресен 1233, активни 40
Крива Паланка 1219, активни 8
Радовиш 1149, активни 67
Берово 1027, активни 6
Делчево 970, активни 30
Дебар 938, активни 5
Виница 874, активни 55
Пробиштип 789, активни 16
Валандово 665, активни 6
Богданци 493, активни 6
Крушево 488, активни 22
Демир Хисар 397, активни 21
Демир Капија 396, активни 2
Кратово 373, активни 21
Македонски Брод 358, активни 3
Пехчево 267, активни 2
Македонска Каменица 247, активни 17
Дојран 132, активни 0
