15.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки.

На средбата, претставниците од ова здружение го информираа Претседателот за нивните заложби во професијата, со нивните визии за здравствената нега и заштита, како и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во нивната работа, особено во однос на едукацијата. Тие посочија дека се залагаат за унапредување на положбата на сестрите и акушерките во државата и нагласија дека инвестирањето во сестринството е одржлива инвестиција во здравството која придонесува за здравствена превенција како придобивка на граѓаните и општеството.

Претседателот Пендаровски истакна дека изминатиов период, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, здравствените работници заслужуваат огромна почит за нивната секојдневна работа. Претседателот им оддаде признание и се заблагодари за нивниот севкупен ангажман и порача дека, како што пандемијата на Ковид-19 ја направи повидлива нивната професија, така очекува и поддршката од институциите во иднина да биде поизразена и посилна.

Претставниците на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, кое е член на Светската здравствена организација и на Меѓународниот совет на медицински сестри, истакнаа дека лобираат на локално и национално ниво за да се развиваат политики со кои ќе се унапредува квалитетот на негата на пациентите и преку кои ќе се гради и вреднува важноста на сестрите и акушерките.

Оваа средба се реализира во месецот во кој се одбележуваат два значајни датума за медицинските сестри и акушерки, 5 мај – Меѓународен ден на акушерките и 12 мај – Меѓународен ден на медицинските сестри.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести