9.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ВЕ МАЧАТ ПОДОЧЊАЦИ? еве како да ги решите

Постојат доста луѓе кои страдаат од темни кругови под очитеи сметаат дека единствениот начин да се ослободите од нив е со помош на коректор или редовно користење крема за очи, но всушност постојат уште четири трикови кои даваат одлични резултати.

Спиење на две перници
Темните кругови се, генерално, показател за недостаток на сон, но исто така се чести кога сме целосно наспиени. Меѓутоа, ако спиеме на две перници, а не на една, главата ќе биде во позиција што спречува задржување на водата во долните очни капаци.

Капки за нос
Покрај недостаток на сон, темни кругови се јавуваат и поради назална конгестија. Спреј или капки за нос може да го решат овој проблем, иако треба да се консултирате со професионалец со цел да се избегне оштетување на носната празнина поради прекумерна употреба на овие супстанции.

Зелен чај и лосос
Освен што влијае на целиот организам, храната што ја јадеме влијае и на очните капаци. Експертите советуваат да го заменат кафето со зелен чај, како и да внесат лосос во редовната диета, бидејќи тоа има корисен ефект врз спречување на појава на темни кругови.

Краставица
Краставицата исто така ја намалува напнатоста околу очите затоа што содржи 95% вода, поради што делува на смалување на крвните садови. Сè што треба да направите е да исечете две ролни краставици и да ги поставите под очите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести