spot_img
13.8 C
Skopje
четврток, мај 20, 2021
spot_img

Најголемата санта мраз во светот се формира на Антарктикот (ВИДЕО)

Најголемата санта мраз во светот се формира на Антарктикот, и е скоро четири пати поголема од Њујорк.

Европската вселенска агенција објави дека огромна ледена плоча, скоро четири пати поголема од Њујорк, се одвоила од замрзнатиот раб на Антарктикот во морето Ведел, со што станала најголемата санта мраз во светот.

Ледениот брег, кој научниците го нарекоа А-76, зафаќа 4320 квадратни километри, долг е 175 и широк 25 километри.

Така, А-76, кој се оддели од ледената плоча, е рангиран меѓу најголемите постоечки санти мраз на планетата.

Периодичното одвојување на ледените плочи е дел од природниот циклус, но феноменот на побрзо распаѓање е поврзан со климатските промени и глобалното затоплување.

Друга голема санта мраз од Антарктикот што се закани на островот населен со пингвини во близина на јужниот врв на Јужна Америка изгуби најголем дел од својата маса и се распарчи на парчиња, соопштија научниците на почетокот на оваа година.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести