spot_img
11.8 C
Skopje
четврток, мај 20, 2021
spot_img

За 20 дена се очекуваат првите дози од вакцината “Спутник” произведени во Србија

Националниот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ од Русија го потврдил квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и го одобрил производството на „Спутник Ве“ во Србија.

Министерот без ресор Ненад Поповиќ истакнал дека тимот од Србија вчера примил цел тим на институтот „Гамалеја“ во Русија, предводен од директорот, кој им предал потврда за производство на вакцина „Спутник Ве“ на „Торлак“.

Престижниот руски институт утврди дека сè е точно исто како кога се произведува вакцината во Русија.

„Ни оддадоа признание дека сме земја што успеа да го спроведе договореното во најкус можен рок и успеа да ја заврши постапката. Контролирани се 18 параметри врз основа на кои е донесена одлуката“ – изјави Поповиќ и апелираше до граѓаните да ја користат вакцината „Спутник ве“.

Поповиќ најави дека во следните денови ќе пристигне супстанцата од Русија, која ќе доаѓа во специјално пакување, а „Торлак“ ќе има од 10 до 15 дена да ја искористи.

Тој изјави дека на „Торлак“ треба да се произведат околу 100.000 вакцини, а првите дози може да се очекуваат за 15 до 20 дена.

„Вакцината од „Торлак“ ќе биде според светските стандарди. Владата на Србија и претседателот Александар Вучиќ одлучија да инвестираат 50 милиони евра во „Торлак“ во најсложената опрема за да можеме да го произведуваме целиот циклус од следната година и да не добиеме повеќе супстанции од Русија. „Торлак“ има персонал и повеќедецениското инвестирање во персонал кое даде резултати“ – заклучи Поповиќ.

Министерот повтори дека тоа немало да се случи доколку немало договор меѓу Вучиќ и неговиот руски колега Владимир Путин.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести