21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ФИЛИПЧЕ: 500 илјади вакцини од „Синовак“ ќе пристигнат на почетокот на јуни како и 100 илјади вакцини од Фајзер

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција пред СЦ „Борис Трајковски“ истакна дека наскоро во земјава ќе пристигнат нови количини на вакцини против ковид-19.

Тој посочи и дека во моментов тече вакцинацијата на хронично болните лица.

„500 илјади вакцини од „Синовак“ ќе пристигнат на почетокот на јуни како и 100 илјади вакцини од Фајзер преку КОВАКС системот. Имаме најава дека на крајот на месец мај, ќе пристигнат и руските вакцини, но немаме се уште потврда. Има сосема доволен број на вакцини за да се задржи ова темпо на вакцинација“, објасни Филипче.

На новинарско прашање за тоа дали би имало проблеми за нарачката на руските вакцини со оглед на протерувањето на дипломат од нашата земја, Филипче одговори дека засега нема такви информации, а нема ни најава за политизација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести