spot_img
11.8 C
Skopje
среда, мај 19, 2021
spot_img

Американската компанија за електронска трговија Amazon е во преговори за купување на филмското студио MGM за околу 9 милијарди долари

Американската компанија за електронска трговија Amazon е во преговори за купување на филмското студио MGM за околу 9 милијарди долари.

Технолошкиот гигант, наводно, преговарал за ова преземање „неколку недели“, изјавија извори од филмската индустрија за редакцијата на њујоршкиот магазин „Variety“.

Вредноста на потенцијалниот договор, според нив, би можела да се движи помеѓу седум и 10 милијарди долари, пренесува „Business Insider“.

Според „Variety“, зделката ќе биде организирана од Мајк Хопкинс, постар потпретседател на Amazon и Prime Videos, директно со претседателот на Управниот одбор на MGM, Кевин Улрих, чиј инвестициски фонд „Anchorage Capital“ е главен акционер на MGM.

Евентуалната продажба на MGM на Amazon може да биде знак дека технолошката компанија се придвижува да ја прошири својата понуда за стриминг на Amazon Prime, која би вклучувала широк спектар на содржини MGM, вклучувајќи ги франшизите Џејмс Бонд, Хобит и Пинк Пантер.

Стриминг услугата на Amazon минатиот месец надмина 200 милиони основни корисници ширум светот, од кои 175 милиони емитуваа содржина на Prime Video во последната година, според извршниот директор на Amazon, Џеф Безос.

„MGM Holdings“ размислува за потенцијална продажба од декември минатата година, наведува „Variety“, додавајќи дека компанијата во тоа време имала пазарна вредност од 5,5 милијарди долари.

„ViacomCBS“ и „Sony Pictures Entertainment“ исто така се во трка да купат MGM.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести