-0.2 C
Skopje
понеделник, ноември 30, 2026

Принцот Хари во поткастот на актерот Декс Шепард откри досега непознати детали од неговиот живот

Принцот Хари во поткастот на актерот Декс Шепард откри досега непознати детали од неговиот живот.

Вели дека средби со Меган договарале во супермаркет во Лондон.

– Се правевме дека не се познаваме, си испраќавме пораки. Луѓето ме гледаа, ми даваа чудни погледи, доаѓаа да ме поздрават. Имав капа на главата, гледав во подот и се обидував да бидам незабележителен. Неверојатно е колку гума за џвакање има на подот, тотален хаос, рече тој.

Хари призна дека со години чувствувал дека не се вклопува во кралското семејство.

– Тоа е работа, нели? Облечи насмевка и продолжи. Имав околу 20 години кога помислив дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го правам тоа. Погледнете што и направи тоа на мајка ми. Како некогаш ќе се сместам и ќе имам семејство, ако знам дека тоа ќе се повтори, рече принцот.

Откри дека поради Меган барал помош од психотерапевт зашто бил фрустриран од постојаното мешање на медиумите во нивниот живот.

Зборувајќи за неговиот татко, Чарс, рече му било многу тешко поради родителските методи на неговите баба и дедо, кралицата Елизабета и покојниот принц Филип.

Вели дека Чарс се однесувал со него како што го третирале неговите родители.

– Не треба да обвинуваме никого или да покажуваме прст кон никого, но кога станува збор за родителството, ако сум доживеал некаква форма на болка или страдав од болката што ја претрпеа татко ми или мајка ми, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус така дека не, јас би го пренел. Никогаш не знаев за тоа, и одеднаш почнав да составувам парчиња од сложувалката: ова е местото каде што тој отиде на училиште, тоа се случи, знам за неговиот живот, исто така знам дека тоа е поврзано со неговите родители, така, тоа значи дека тој се однесуваше кон мене како што се однесуваа кон него, па како можам да го променам тоа кон моите деца – вели Хари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести