spot_img
24.8 C
Skopje
вторник, мај 18, 2021
spot_img

МНР ПРОТЕРА РУСКИ ДИПЛОМАТ

Македонија прогласи руски дипломат за персона нон грата. На 14 мај од МНР го повикале рускиот амбасадор Сергеј Баздикин за да му биде соопштено дека еден од дипломатите во неговата амбасада е прогласен за непожелна личност, објави МКД.мк

Средбата со амбасадорот и соопштувањето на причините биле во согласност со дипломатскиот протокол, а според МКД, „однесувањето на дипломатот не било во согласност со однесување што се очекува од земјата домаќин“.

Министерството за надворешни работи ја потврди информацијата и соопшти дека согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во  Македонија.

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести