Лажен полицаец се обидувал да изнуди пари од граѓани и тоа од три града, Охрид, Кичево и Струга.
Како што соопшти МВР, измамникот се јавувал по телефон кај граѓани и во својство на полицаец ги информирал за наводно случена сообраќајна незгода со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства.
Потоа ја користел вознемиреноста за да добие пари од истите.
Од полицијата ги информираат граѓаните да не наседнуваат на такви информации и истите да ги пријават на 192 или во најблиската полициска станица.
Оттаму информираат дека во моментов полицијата трага по лажниот полицаец.
