2.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

ВНИМАВАЈТЕ! ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ “ОПЕРИРА” НИЗ МАКЕДОНИЈА

Лажен полицаец се обидувал да изнуди пари од граѓани и тоа од три града, Охрид, Кичево и Струга.

Како што соопшти МВР,   измамникот се јавувал по телефон кај граѓани и во својство на полицаец ги информирал за наводно случена сообраќајна незгода со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства.

Потоа ја користел вознемиреноста за да добие пари од истите.

Од полицијата ги информираат граѓаните да не наседнуваат на такви информации и истите да ги пријават на 192 или во најблиската полициска станица.

Оттаму информираат дека во моментов полицијата трага по лажниот полицаец.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести