Прославениот фудбалер Лео Меси си купи уште еден луксузен имот во Мајами.
По првиот имот вреден пет милиони долари, кој го купи пред нешто повеќе од две години, славниот фудбалер реши уште еднаш да се почасти.




Овој пат, станува збор за скап стан вреден неверојатни 7,3 милиони долари, кој се шири на нешто повеќе од петстотини квадратни метри со уште речиси двесте квадратни метри тераса со панорамски поглед на океанот.





Станот содржи четири спални соби и четири бањи, а луксузната кула во која се наоѓа имотот има шест базени, спа центар, директен пристап до плажа, фитнес центар, јога студио, детско игралиште, ресторан и вински бар.
