20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

БИЛ ГЕЈТС ИМ ЈА ОТКРИЛ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗА РАЗВОДОТ СО МЕЛИНДА

Бил Гејтс, коосновачот на компанијата „Microsoft“ и еден од најбогатите луѓе на светот, на своите пријатели им кажал дека во бракот со Мелинда Гејтс немало љубов.

Гејтс исто така тврди дека тие двајца живееле целосно одделни животи.

„The New York Post“, повикувајќи се на пријателите со коишто Гејтс игра голф, објавил дека Бил токму нив им се доверил за бракот пред и официјално да објави дека се разведува од својата долгогодишна сопруга Мелинда.

„Бил разговараше за тоа со своите блиски пријатели. Им кажа дека бил во брак во којшто немало љубов, дека одредено време и двајцата живееле одвоени животи“, пренесува американскиот весник.

Инаку, моментално милијардерот времето го поминува играјќи голф во Калифорнија. Претходно овој месец кога беше објавено дека се разведуваат, Гејтс порача дека тој и Мелинда сфатиле дека повеќе не можат да функционираат како пар.

Парот се разведува по 27 години брак.

Во меѓувреме се појавија различни гласини за нивниот развод. Меѓу другото се наведува и дека Мелинда била вознемирена поради пријателството меѓу Бил и педофилот Џефри Епстајн.

По разводот, Мелинда најверојатно ќе биде најбогатата жена на светот. Се претпоставува дека нејзиното богатство ќе достигне вредност од 73 милијарди долари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести