spot_img
18 C
Skopje
сабота, мај 15, 2021
spot_img

Игор Стефановски – Иџе открива дека е апсолутен противник на уличните трки и брзото градско возење: ЗА ТОА СЕ ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ, А НЕ УЛИЦИТЕ (видео)

Игор Стефановски – Иџе за оние кои не знаат е професионален возач, тркач, автомобилист… кој признава дека „лудува“ само на патеките кои се наменети за тоа, низ скопските улици вози мирно. Сега, понекогаш знаат некои „шофери“ да го извадат од контакт, но се труди да остане смирен.

Кога и како се родила љубовта кон автомобилите не знае, затоа што истата постои од кога знае за себе. Признава дека автомобил научи да вози многу пред да стане полнолетен и да добие возачка, а првите крукчиња ги свртел низ маало, се разбира, без да знаат од дома… Вели, тоа се детски периоди, фази кои ги поминало секое дете. Сопругата ја ќарил уште кога биле деца, бидејќи заедно се одамна, а не на брзо возење, но среќен е што го поддржува во она што го работи.

– Порано знаев да возам малку побесно, но сега се поретко е така. Иако има ситуации кога ќе ме испровоцираат некои ликови што возат низ град, но прилично сум смирен и ги почитувам сите оние собраќајни знаци и  сообраќајната култура која сите треба да ја одржуваме и почитуваме, и се трудам да бидам максимално безбеден, вели Иџе, кој во својата автомобилска биографија има запишано две европски титули, а сонува и за светска.

Ни откри и дека иако се труди да вози пристојно му се случило да „падне“ и по некоја казна за брзо возење, а му се случило и да му прогледаат низ прсти, но, вели, тоа било за ситни прекршоци.

– Автомобилот е превозно средство, но во рацете на оној кој го управува може да биде и огнено оружје затоа практикувајте секогаш безбедно возење, апелира Иџе и открива дека е апсолутен противник на уличните трки и брзото градско возење, вели за тоа се тркачките патеки, не улиците.

Што уште откри Иџе, во видеото во продолжение:

Читај Следно

10,364FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести