spot_img
19 C
Skopje
петок, мај 14, 2021
spot_img

СЕ РАЗВИВА ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУС

Втората генерација на вакцини COVID–19, развиена од „CureVac“ и GlacsoSmithKlein“ дизајнирана за заштита од разни варијанти на коронавирусот, произведе високо ниво на имунолошки одговор при тестирање врз стаорци, соопштија денес компаниите.

Тоа е единечна доза на вакцина која користи технологија mRNA слична на успешната вакцина развиена од „Pfizer / Biontek“ и „Moderna“, а почетокот на клиничките испитувања на вакцината кај луѓе се очекува во третиот квартал од оваа година, пренесува Ројтерс.

Стаорците имунизирани со вакцина наречена CV2CoV покажаа брз и силен имунолошки одговор на варијантите на вируси откриени во Данска, Велика Британија и Јужна Африка.

  • За успешна борба против пандемијата COVID 19, ќе ни требаат различни вакцини на долг рок, и треба да можеме ефикасно да одговориме на новите варијанти, рече претседателот на GSK Роџер Конор.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести