spot_img
21 C
Skopje
петок, мај 14, 2021
spot_img

КАРАКАЧАНОВ ГО УЦЕНУВА БОРИСОВ: Може коалиција само ако продолжи блокадата за Македонија

Поранешниот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов за БГНЕС изјави дека ВМРО би влегла во коалција со ГЕРБ на Борисов само доколку поддржи 7 приоритети, кои беа одобрени на состанокот на Извршниот комитет на партијата.

Еден од важните приоритети на ВМРО е Македонија да не започнува преговори за членство во Европската унија се додека „земјата не се откаже од антибугарското однесување“

„Мило ми е што новиот министер за надворешни работи многу јасно изјави дека нема да има промени во бугарската надворешна политика“, нагласи Каракачанов.

Тој исто така го коментираше она што го рече македонскиот претседател Стево Пендаровски, дека Македонија ќе побара меѓународна поддршка за членство во ЕУ и да изврши притисок врз Бугарија.

„Ние ја кажавме нашата политика, а Пендаровски може да се сврти кон кого сака и да се потпре на кого сака. Тие сакаат да ја продолжат својата нечесна политика кон Бугарија, да продолжат да го кршат народот со бугарска самосвест во Македонија, да продолжат да го образуваат населението во антибугарски дух и некој друг да не притиска да бидеме будали за да се придржуваме на ова. Му честитам на министерот за надворешни работи за неговата позиција. Верувам дека во иднина Бугарија не треба да ја менува својата политика кон Македонија се додека не стане нормална земја и не спроведе чесна, фер и добрососедска политика кон нас “, рече поранешниот бугарски вицепремиер.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести