Познатата водителка Елен Дегенерис одлучи претстојната 19-та сезона на нејзиното ток-шоу „The Ellen Degeneres Show“ да биде последна. Презентерката ја разгледуваше оваа одлука неколку години.
Таа ја објави својата одлука пред тимот на 11 мај.
- Кога сте креативна личност, треба постојано да ве предизвикуваат – и колку и да е одлично и забавно ова шоу, тоа веќе не е предизвик, изјави Деџенерис за „Hollywood Reporter“, јавно разговарајќи за овој потег.
Времето на заминување е нешто за што Деџенерис зборуваше отворено во минатото.
На профилот на „New York Times“ од 2018 година, таа откри дека сопругата, Порсија де Роси ја охрабрувала да го заврши снимањето на шоуто, кое има 180 претстави годишно.
Нејзиниот брат комичар, заедно со раководните лица на „Warner Bros“, ја убедиле да продолжи.
На крајот, таа потпиша договор за уште три сезони, но на себе и нејзиниот тим им беше јасно дека овој договор – со кој ќе направи над 3.000 емисии и неверојатни 2.400 интервјуа со познати личности – ќе и биде последен.
