20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Нов рекорд на Етереум , втората најпопуларна криптовалута

Втората најпопуларна криптовалута – Етереум, утрово постави нов рекорд, достигнувајќи цена од 4.360 долари. Тоа е зголемување од скоро 10 проценти во изминатите 24 часа.

Утринава, вредноста на дигиталната монета беше околу 4.320 американски долари, а пазарната капитализација надмина половина трилион долари.

Познавачите на можности на крипто пазарот веќе започнаа да проценуваат колку цената на етериумот може да скокне, а најновите оптимистички прогнози зборуваат за 40.000 долари до крајот на оваа година.

И најстарата и најпознатата дигитална валута, биткоинот, „ја држи цената“, па утрово нејзината вредност беше околу 57.200 долари, што е скок од околу 3 проценти.

Во текот на последните 24 часа, цената на првата криптовалута се движеше од 54.700 до 59.350 долари.

Цените на сите криптовалути значително скокнаа во последните месеци, па на пример, да инвестиравте 100 евра минатата година, денес на вашата сметка би имале 570 евра.

Доколку тогаш се одлучевте за Етереум, ќе бевте побогати за 2.000 евра.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести