13.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

МВР ДЕМАНТИРА ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧЕНТО: СЕ РАБОТИ ЗА СООБРАЌАЈКА!

Повеќе портали вечерва добија и пренесоа информација дека се случила престрелка во скопската населба Ченто во која има четворица убиени.

Според информации од МВР се работи за дезинформација, во населбата Ченто на потегот меѓу последната и претпоследната станица на автобусот број 45 дошло до тешка сообраќајна несреќа меѓу две возила, по која едното се превртело и има повредени лица.

МВР Демант: Лажна вест е наводната престрелка во Ченто

Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации. Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести