spot_img
15 C
Skopje
четврток, мај 13, 2021
spot_img

“ЏЕЈМС БОНД” ДОАЃА ВО СРБИЈА (видео)

Популарниот холивудски актер Даниел Крег наскоро ќе пристигне во Србија поради потребите за снимањето на вториот дел од филмот „Knives Out“, пишува српски „Телеграф“.

Според српските медиуми, Крег би требало да пристигне во Србија на есен. Снимањето на филмот започнува на 28 јуни во Грција, по што тимот продолжува да работи во Србија, а потоа и во САД и Канада.

Имено, филмската екипа во моментов веќе била пристигната во Белград за да утврдат на кои места ќе се снимаат сцени од овој филм. Да потсетиме, првиот дел од филмот „Knives Out“ ја доживеа својата премиера во 2019 година.

Филмот е во режија на Рајан Џонсон кој претходно престојувал и снимал во Белград каде го снимал филмот „Brothers Bloom“ во кој играше оскаровката Рејчел Вајс, сегашната сопруга на Даниел Крег.

Крег се враќа во улогата на ексцентричниот и досетлив детектив Беноа Блан, а нови членови на екипата ќе бидат Едвард Нортон и Дејв Батиста.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести