spot_img
16.3 C
Skopje
четврток, мај 13, 2021
spot_img

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Почитуван реис-ул-улема

хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху,

Имам особено задоволство и голема чест Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан бајрам.

Најискрено посакувам празничните денови да ги поминете во мир, среќа, радост и благосостојба,  споделувајќи љубов и хармонија со Вашите најблиски.

За жал и годинава светиот месец Рамазан го поминавме обременети со пандемијата со ковид-19, во несекојдневна атмосфера соочени со бројни ограничувања и со неопходни мерки за заштита на нашето здравје и на нашите животи. Ви благодарам за истрајноста, внимателноста и дисциплината. Се надевам дека збогатени со духовната сила која ја дава Рамазан бајрам и понатаму ќе останеме посветени, одговорни и солидарни и ќе излеземе како победници во борбата со епидемијата чиј крај, благодарение на започнатата вакцинација, веќе се наѕира.

Дозволете ми, токму на првиот ден на Рамазан бајрам, уште еднаш да потсетам на значењето на соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање во нашата заедничка татковина. Да останеме сплотени и заедно да придонесуваме за благосостојбата на сите наши сограѓани без разлика на нивната верска, етничка или каква било припадност, градејќи праведно општество и просперитетна Република Северна Македонија.

Честит Рамазан бaјрам.

Стево Пендаровски

Претседател на Република Северна Македонија

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести