21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ФАНОВИТЕ ШОКИРАНИ: ЦЕЦА СТАНА РУСОКОСА !? (фото)

Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ е позната по својата долга кафена коса, која со години наназад го одбележува нејзиниот изглед како заштитен знак. Од време на време знае да направи промена со тоа што ќе ја скрати косата, но овој пат фановите најмногу се изненадија кога низ социјалните мрежи почна да се споделува фотографија на која пејачката има целосно руса коса.

Еден профилите со обожавателите на Цеца сподели нејзина слика со долга руса коса, а потоа и пејачката ја сподели истата фотографија на својот профил.

Многумина на почетокот беа воодушевени од изгледот и малку зачудени, а потоа и дадоа комплименти на Цеца дека и одговара оваа фризура.

Да не дојде до забуна, мора да напоменеме дека сепак се работи за фотомонтажа, иако Цеца еден период беше навистина русокоса. Тоа беше во 2006 година, кога таа ја претстави промената во спотот за песната „Лепи громе мој“.

Цеца е прекрасна жена, па поради тоа секоја промена ја носи со стил и изгледа одлично, а неретко токму со своите избори и промени ги диктира и модните и стилски правци во регионов.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести