spot_img
25 C
Skopje
вторник, мај 11, 2021
spot_img

СРБИЈА ВОВЕДЕ ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ – Еве како да добиете

Лицата кои во предходните месеци се вакцинирале за неколку дена ќе можат на сопствено барање да добијат дигитален ковид-сертификат, објавила владата на Србија

Неколку месеци Србија работи на подготовка на овој документ кој ќе послужи како доказ за вакцинација и ќе им овозможи на држајаните на Србија да патуваат во странство. Надлежните објаснуваат дека тој ќе се разликува од т.н. ковид-пасош и дека тоа е друга врста на документ.

Спрема поранешните најави, дигиталниот сертификат ќе покаже кога сте вакцинирани, прележана корона или направен пи-си-ар тест, а една од можните опции која се споменувала е дека дигиталниот сертификат ќе го има во облик на апликација на мобилни телефон.

Србија ги поделила своите сертификати на СЗО, како и со уште неколку земји од ЕУ, обелоденила неодамна премиерката Ана Брнабиќ.

– Сеуште не е познато на кој начин ЕУ ќе ги признае сертификатите на држави вон ЕУ, но најавено е дека Европската комисија соработувала со СЗО по овие прашања – рекла неодамна министерката за европска интеграција Јадранка Јоксимовиќ.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести