11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

148 сообраќајни прекршоци во Скопје, 45 санкционирани мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25, 12 за возење без возачка дозвола, 45 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за нерегистрирани возила, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.   

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести