7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

ЖИРИТО ВО ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД ШОКИРАНО: ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ДОБИ НЕПРИСТОЈНА ПОНУДА

Натпреварот на Ѕвездите на Гранд, секоја недела носи нови интересни случувања.

Оваа недела во емисијата Ѕвездите на Гранд “Специјал“, Јелена Карлеуша како и секогаш била главна тема, но веруваме дека дивата не очекувала на сред емисија да добие непристојна понуда од мајка на еден од такмичарите.

Страхиња Живановиќ, кој успел да се пласира во шестиот круг на натпеварувањето, добил големо внимание од Јелена Карлеуша, која била одушевена од неговиот глас, но и стас, а младиот натпреварувач открил дека неговиот татко е голем фан на популарната дива, што е покажано за време на незиниот престој на Копаоник, кога и овозможил да оди на жичара преку ред, како и тоа дека ќе и биде личен телохранител.

Сепак, ова не и се допаднало на мајката на натпреварувачот, па порачале дека и таа во шестиот круг ќе дојде да го подржи синот, бидејќи има одличен предлог за Јелена.

– На сите е позната тематиката на мојот татко и Јелена Карлеуша. Сите ја прашуваат мајками како тоа го дозволила – рекол Страхиња во емисијата “Специјал“ па додал:

– Мајками најави дека ќе дојде и дека ќе ме подржува следниот пат. Ќе направи трампа со Јелена. Душко да дојде кај нас, а таткоми да оди кај Јелена, но разликата во килограми помеѓу Душко и таткоми Јелена ќе мора да ја плати. – рекол Страхиња, при што предизвикал смеење и додал:

– Реално јас не пејам. Од негде мора да се профитира, па потоа да го утопиме таткоми. И мајками да победи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести