Индиски вид коронавирус е откриен кај околу 20 лица во Франција, изјави денеска министерката за здравство Оливија Веран за ТВ „LCI“.
Светската здравствена организација го опиша индискиот сој како „интересен вид“, сугерирајќи дека постојат мутации кои можат да го направат вирусот позаразен и да предизвикаат поопасни симптоми на болеста или да го избегнат имунитетот стекнат со вакцината, додава Ројтерс.
Индискиот мутиран тип COVID-19 досега е забележан во неколку други европски земји, како што се Велика Британија, Германија, Романија, Швајцарија и Белгија.
