9.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

Еве како почна кавгата помеѓу Маск и Безос

Една од најпопуларните кавги на Интернет е таа на Твитер меѓу двајцата најбогати луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Маск.

Првиот е сопственик на водечката електронска продавница Amazon, кој направи посебен напредок за време на кризата во 2020 година, а вториот е основач на компаниите Space X и Tesla (е-возила). Ривалството меѓу нив, иако тие не работат во ист домен, трае 14 години и крајот не е на повидок.

Пред неколку години, деловното ривалство се рефлектираше на Твитер, омилената социјална мрежа на Илон Маск. Но, не помалку активниот Безос не му остана должен во последно време.

Два милијардери од САД се борат за превласт во бизнис што денес ретко кој може да си го дозволи, а тоа се приватни летови во вселената. Тоа е област каде се судрија нивните два света и каде кулминираше ривалството.

Коментирајќи го планот на Безос за лансирање на сателит Маск го нарече копија.

Малкумина, сепак, земаат предвид дека Маск ја позајмил идејата за сателитски интернет од основачот на „OneWeb“, Грег Вајлер, кој му кажал за концептот само неколку месеци порано.

Вајлер ги прашува Безос и Маск „Дали навистина сугерирате дека дизајнот на глобалната сателитска мрежа е ваша идеја? Еве еден документ од 2014 година што може да ве демантира”.

И покрај сето ова, светот едноставно обожава да ја гледа богатата расправија, а тоа го поткрепува и неодамнешната објава на Маск дека пред нос му го зел на Безос  договорот со НАСА, вреден неколку десетици милијарди на долари.

Маск го провоцирал најбогатиот човек на светот „на штета на мажественоста“.

Она што е сигурно, сепак, е дека постоењето на конкурентски сили напредува. Ако Маск успешно го запреше Безос и го нокаутираше од вселенската трка, можеби немаше да видиме нешто толку прогресивно како транспорт на астронаути во вселената, користејќи приватно летало.

Во историјата на САД, имаше неколку богати луѓе кои доминираа во економијата. Сепак, Џон Рокфелер се фокусираше главно на експлоатација на нафта и железница, Ендру Карнеги на производство на челик и Бил Гејтс на Мајкрософт.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести