spot_img
14 C
Skopje
сабота, мај 8, 2021
spot_img

ASTRAZANEСA ПОВТОРНО НА УДАР

Европскиот медицински регулатор во петокот објави дека испитува ретки случаи на нарушувања на нервниот систем кај луѓе кои примиле „AstraZeneca“, додека властите ширум светот бараат транспарентност за безбедноста на вакцината COVID-19.

Зголеменото регулаторно внимание на ретка имунолошка состојба покренува нови прашања во врска со потенцијалните несакани ефекти на вакцините против коронавируси откако ЕМА минатиот месец откри можна врска помеѓу вакцините „AstraZeneca“ и „Johnson & Johnson“ со појава на многу ретки тромбови.

Иако ЕМА објави дека придобивките од ефтините и лесно преносливи вакцини од британско-шведскиот производител во борбата против смртоносната пандемија ги надминуваат сите ризици, неколку европски земји ја ограничија употребата на вакцината на стари лица или целосно ја запреа.

Регулаторот исто така ја поддржа вакцината „Johnson & Johnson“.

ЕМА наведе дека GBS е идентификуван како можен несакан настан на кој му треба посебен мониторинг при одобрување на вакцината, додавајќи дека од „AstraZeneca“ побарале подетални информации за случајот.

GBS е ретка невролошка состојба во која имунитетниот систем ги напаѓа заштитните нервни влакна. Повеќето случаи се придружени со бактериска или вирусна инфекција.

Состојбата се поврзуваше со вакцинирање во минатото – претежно со кампањата за вакцинација за време на епидемијата на свински грип во САД во 1976 година и десет години подоцна со вакцината употребена за време на пандемијата на грип Х1Н1 во 2009 година.

Но, научниците откриле дека шансите за развој на GBS по вакцинирањето се исклучително мали.

ЕМА во петокот исто така рече дека ги истражува извештаите за воспаление на срцевиот мускул по вакцинирањето со вакцината „Pfizer / BioNTexh“, наречена Comirnaty и вакцината „Moderna“. Европскиот медицински регулатор наведува дека во моментов нема индикации дека овие случаи се последица на примање вакцини.

Двете вакцини користат нова mRNA технологија за да создадат имунитет.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) минатата недела објави дека не открива поврзаност помеѓу воспалението на срцевиот мускул и вакцината COVID-19.

„AstraZeneca“, „Pfizer“, „BioNTech“ и „Moderna“ не беа достапни за коментар.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести