13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

КОНЕЧНО ОТКРИЕНО ЗОШТО ДАРА БУБАМАРА РАСКИНА СО ПОМЛАДИОТ ДЕЧКО – ПРИЧИНАТА БИЗАРНА! (фото)

Во последно време многу се пишува за раскинувањето на Дара Бубамара и нејзиното момче Марко Дујаковиќ, наречено Тони.

Како што пишуваат српските медиуми, пријателите на пејачката биле изненадени од распадот на оваа романса, бидејќи таа и нејзиното момче кое беше помладо 21 година одлично се согласувале.

Имено, Дара отворено им кажала на своите пријатели дека таа и Тони се поврзани со неверојатна хемија.

– Дара рече дека никогаш немала толку добри односи со кој било маж. Искрено, не бевме изненадени, ретко ја гледавме кога беше со него, бидејќи тие постојано патуваа – рече извор за медиумите и додаде дека, и покрај добрите страни, врската се расипала, но не само од љубомора, како се шпекулираше, туку и поради таткото на Тони.

– Таткото на Тони е сериозен бизнисмен и секогаш му даваше сè на својот син, но тој не се мешаше во неговиот живот, дури и кога започна врската со Дара. Мислеше дека станува збор за младешка љубов, но кога неговиот син му рече дека сака да се ожени со Дара, иако таа самата не сакаше, сфати дека ѓаволот ја зеде шегата и реши да ја исклучи славината. Секако, не засекогаш, бидејќи тој, како и секој родител, најмногу го сака своето дете, тој едноставно сакаше да спречи таа врска да прерасне во нешто посериозно,вели изворот и додава:

– Веруваше дека Дара ќе замине сама ако нема пари, но не беше така, но Тони стануваше се повеќе нервозен поради немање пари и се поблиску беше до конфликт со неговиот татко, за што знаеше и таа, што влијаеше на неа, па врската мораше да се прекине.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести