2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

“Peaky Blinders” во големи проблеми – ОТВОРЕНА ИСТРАГА !

Производителите на серијата “Peaky Blinders”, чија шеста сезона во моментов се снима, се под истрага со сомневање дека ги прекршиле безбедносните протоколи, или затоа што не престанале да снимаат кога дознале дека еден од членовите на техничкиот тим бил позитивен за на корона вирусот, пишува лондонскиот “Гардијан”.

Портпаролот на екипата изјави дека снимањето е прекинато откако дознале дека резултатот од тестирањето на член на тимот, кој привично бил позитивен, но потоа се покажало дека резултатот не е точен.

Сепак, членовите на тимот рекоа дека снимањето продолжило без оглед на тоа што продуцентите знаеле дека еден член на тимот бил позитивен на корона вирус.

Еден член на тимот тврди дека резултатите од тестот биле познати за продуцентите и, откако се било откриено, многумина не сакаат да работат понатаму на снимањето на таа популарна ТВ серија.

Сите овие тврдења се особено загрижувачки ако е познато дека снимањето на шестата сезона е запрено во март минатата година и продолжи во јануари оваа година кога официјално е нагласено дека безбедносните протоколи ќе бидат воспоставени за да се обезбеди снимање на серијата, како и безбедноста на сите оние кои се вклучени во неа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести