радот Белград, во соработка со Градскиот институт за јавно здравје, пренамени градски автобус во мобилен пункт за вакцинација.
Автобусот е опремен со опрема за работа на два тима за вакцинација.
Ова возило беше доделено на Градското биро и кога ќе заврши пандемијата, ќе служи како мобилен пункт за вакцинација за други вакцини, како што е онаа против грип.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денес со овој автобус дојде во селото Звечка во Обреновац. За викендот ќе се паркира на Ада Циганлија, а потоа следната недела ќе биде во Лазаревац и Бараево.
– Белград победува!, напиша заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, на својот Фејсбук профил.
