9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

АНТОНИА ГИГОВСКА САМОУВЕРЕНА ПОЗИРА ВО ТАНГА БИКИНИ (фото)

Патувањето во Анталија за младата пејачка Антониа Гиговска беше можност да се расоблече по бикини и да ги покаже резултатите од трансформацијата на своето тело.

Таа неодамна во една прилика откри дека успеала да ослаби 21 килограм, па сега изгледа како модел, а на плажа во танга бикини е „риба ипол“.

На нејзиниот профил на Инстаграм се најдоа две фотографии каде Антониа носи минијатурно бикини со „анимал“ принт кое совшено ја истакна нејзината витка линија.

Но, токму од ова бикини се виде и тетоважата на незгодно место, односно под левата града каде и пишува „confidenet“, што би значело самоуверена, ако тоа е целосниот збор бидејќи делумно тетоважата беше под костимот за капење.

Дел од следбениците ја заблежаа, па сакаа да знаат дали харизматичната пејачка има уште некоја тетоважа на себе.

Антониа тоа го потврди и покажа уштер една минијатурна тетоважа на нејзината рака.

Очигледно како и повеќето од македонската естрада и Антониа ги сака тетоважите, почнала со малку, а како што велат ако еднаш почнеш со тетовирање, желбата за нова секогаш ќе ја има.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести