spot_img
22 C
Skopje
петок, мај 7, 2021
spot_img

ФБИ БАРА КИМ КАРДАШИЈАН ДА ГО ВРАТИ УКРАДЕНИОТ ПРЕДМЕТ ?!

Американската влада бара од Ким Кардашијан да се откаже од античката римска скулптура, која илегално била прошверцувана од Италија.

Имено, Кардашијан купила статуа од варовник, позната како „Фрагмент од Сајонска Атина на Мирон“ во 2016 година.

Античкото уметничко дело, кое потекнува од 1 или 2 век, било запрено кога пристигнало во Лос Анџелес во мај 2016 година, откако американските власти биле предупредени дека може да биде заштитен културен предмет, се наведува во извештајот.

Понатамошното испитување на статуата има одредени отстапувања, што ги направи официјалните лица сомнителни – од каде потекнува ова уметничко дело? ФБИ тогаш и нареди на Кардашијан да се откаже од неа. Поднесена е и тужба за конфискација на имот, но Ким тврди дека нема поим за што станува збор.

  • Ким никогаш не го купи ова „парче“ и воопшто првпат дозна за неговото постоење. Ние веруваме дека делото е можеби купено со нејзино име, и бидејќи никогаш не стигнало до нејзината адреса, таа не била ни свесна за каква било трансакција. Ние охрабруваме понатамошна истрага и се надеваме дека статуата ќе им биде вратена на нејзините вистински сопственици, изјави медиумскиот претставникот на Ким Кардашијан, исто толку изненаден колку и она.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести