21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

СДСМ: Растот на извозот од 7,8 отсто е потврда дека македонската економија е стабилна и динамична

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Економските мерки што ги спроведе Владата предводена од СДСМ даваат резултати кои се потврдени и со официјални податоци.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика извозот во месец март 2021 година бележи раст од 7,8 отсто во однос на истиот месец 2020 година.

Ова е потврда дека денес македонската економија е стабилна и динамична и се движи во вистински правец.

Покрај раст на извозот на почетокот на годинава, раст бележи и просечната плата која во февруари оваа година е повисока за 2,7 отсто во однос на истиот месец 2020 година и изнесува 27.984 денари.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со реализација на мерки и политики кои ја помагаат домашната економија и отвораат нови можности.

Согласно економските показатели и очекувањата, во оваа 2021 година, предвидено е македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, да продолжи растот на платите, а невработеноста да се намалува.

Како одговорна партија остануваме посветени на градење силна, развојна и стабилна економија која носи шанса за сите.

Продолжуваме со грижа за работниците и стопанството.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести