7.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

БОКСЕРСКАТА ЛЕГЕНДА ФЛОЈД МЕЈВЕДЕР ЈА ИЗБРКА ДЕВОЈКА МУ ПОРАДИ БИЗАРНА ПРИЧИНА (видео)

Легендата на боксот Флојд Мејведер реши да ја избрка својата свршеница Ана Монро од својот луксузен дом за да може да се фокусира на претстојниот меч кој го има.

Мејведер ја замоли британската стриптизета да го напушти нивниот луксузен имот во Лас Вегас вреден 25 милиони долари со цел да се подготви во мир за егзибицискиот натпревар против YouTube-рот Логан Пол, кој е на програмата на 6 јуни.

  • Флојд ја замоли Ана да замине затоа што сака да се фокусира на следната борба – открил извор близок до парот за британски „Sun“.
  • Нејзините пријатели сметаат дека сè е многу чудно бидејќи имотот е навистина огромен. Има 11 спални, две куќи за гости и има доволно простор да се подготвиме во мир. Сепак, Флојд сакаше да си замине за да може да се фокусира на натпреварот.

Стриптизетата за која славниот боксер се вери во јануари, со големо спротивставување од семејството, се врати во стариот стан.

  • Тој е се повеќе во боксот, иако е во пензија веќе подолго време. Засега е во мирување. Ана се врати во стариот стан и сето тоа е многу стресно, но тие се уште се заедно и има голема поддршка за него.

Мејведер ја заврши професионалната кариера со резултат 50-0. Последниот натпревар му беше во 2017 година против Конор МекГрегор, но најави дека ќе се врати на егзибициони натпревари.

Еден од нив се одржа во Јапонија во декември 2018 година. Таму го уништи несреќниот и многу помал кик-боксер Таншин Насукава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести