13.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ПОВЕЌЕ НЕ Е АНТИВАКСЕР, ОДЛУЧИ ДА СЕ ВАКЦИНИРА ПРОТИВ КОВИД-19

Пејачката Јелена Карлеуша ќе се вакцинира против коронавирус во трговскиот центар Ушче утре во 9 часот.

Својата одлука Карлеуша ја објави преку Инстаграм, каде ги поканува сите заедно да покажат општествена одговорност за да може што побрзо да се вратиме во нормален живот.

Пејачката, која е една од највлијателните луѓе, сигурно ќе влијае пред се на младите да ги следат нејзините стапки и на ист начин да се заштитат себе си и своите најблиски од вирусот.

Судејќи според најавата на Карлеуша, јасно е дека таа одлучила да го стави своето здравје пред теориите на заговор и да покаже со нејзиниот пример дека најважно е да бидеме одговорни пред себе и пред другите токму со вакцинирање.

Познати се претходните ставови на поп-пејачката во врска со вакцините, поради што таа дури заврши на суд, но се чини дека на тоа му дојде крајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести