6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ИНДИСКИОТ СОЈ ПРЕМИНА И НА ЛАВОВИ

Осум азиски лавови во зоолошката градина Неру во Хајдерабад се заразени со вирусот корона, соопштија денеска властите на истоимената индиска држава, додавајќи дека нема докази дека животните може да пренесат COVID-19 на луѓето.

Управата на зоолошката градина во таа јужноиндиска држава ги презентираше податоците од неодамнешните анализи, откако лавовите покажаа знаци на респираторна болест, објави Ројтерс.

Тестовите се случија во време на големо зголемување на случаи со COVID-19 во Индија.

  • Врз основа на искуството со животни ширум светот кои биле заразени со COVID–19, нема докази дека тие можат да го пренесат вирусот корона на луѓето – објави локалното Министерство за животна средина и клима.

Зоолошката градина во Неру сега е затворена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести