6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

СЗО бара помош од Г7 за крај на пандемијата

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Групата седум (G7) да го финансира глобално закрепнување од COVID-19, предупредувајќи дека кризата низ целиот свет не може да се реши доколку најразвиените земји не ги засилат своите активности.

СЗО соопшти дека Групата G7, која се состои од Велика Британија, САД, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, има можност да ги финансира вакцините, тестовите и протоколите за третман потребни за да се победи пандемијата, пренесува „Guardian“.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите од G7 да преземат решителни мерки на нивниот Самит од 11 до 13 јуни, каде домаќин ќе е британскиот премиер Борис Џонсон.

  • Земјите од G7 се светски економски и политички лидери. Тие се исто така дом на многу светски производители на вакцини, а кризата со вакцините можеме да ја решиме само со помош на лидерите на овие земји – рече Тедрос на прес-конференцијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести