17 C
Skopje
вторник, мај 4, 2021
spot_img

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е ДОКАЗ ДЕКА ВАКЦИНАТА ФУНКЦИОНИРА

Во изминатите 24 часа, Велика Британија забележа само една смрт од последиците на вирусот корона, што не се случило во последните девет месеци.

Евидентирани се 1.649 нови случаи, што е најмал број на новоинфицирани за еден ден од септември минатата година.

Ова е доказ дека вакцините за коронавирус се ефикасни. Велика Британија е меѓу водечките земји во светот кога станува збор за вакцинациите и досега повеќе од 34,6 милиони луѓе ја примиле првата доза, додека повеќе од 15,4 милиони ја примиле втората доза.

Здравствените власти велат дека ваквата статистика не е забележана од август минатата година. Последен пат имаа една жртва на 30 и 3 август 2020 година, додека на 30 јули 2020 година беше единствениот ден од почетокот на пандемијата во која Велика Британија не пријави жртви на COVID-19.

Тие исто така наведуваат дека се забележува опаѓање на новите случаи, нагласувајќи дека минатиот понеделник се регистрирани 2.064 нови случаи на инфекција. Денешниот ден се одбележува како ден со најмал број на новоинфицирани од септември, кога вториот бран на вирусот започна да ја зафаќа Британија.

Сепак, тие додаваат дека сепак треба да се биде претпазлив и дека овие бројки треба да се земат со внимателност, имајќи предвид дека се работи за „ викенд бројки“, кога има мало задоцнување во обработката на извештајот.

До денес, Велика Британија искористила 50 милиони дози вакцина против коронавирусот, а околу 30 проценти од возрасната популација ги примила двете дози на вакцината. Властите се задоволни од ваквиот развој на настаните и предвидуваат дека Британците ќе можат да живеат многу порелаксирано во текот на летото, а премиерот Борис Џонсон рече дека не гледа причина да го одложи олеснувањето на мерките најавени за 17 мај.

Сепак, иако бројките се охрабрувачки, Џонсон ги предупреди граѓаните да не се радуваат премногу кога станува збор за патувања, додавајќи дека додавањето на многу земји на „зелената листа“ може да го зголеми нивото на инфекција. Тој го објави ова кратко откако Европската унија објави дека планира да им овозможи на вакцинираните Британци слободно да патуваат во земјите-членки во текот на летото.

Да потсетиме, Велика Британија од почетокот на пандемијата регистрирала 4,421,850 случаи на инфекција, а 127,539 лица го загубија животот со оваа маѓепсана болест. Во јануари годинава го соборија рекордот кога забележаа повеќе од 67.000 нови инфекции за еден ден, а во текот на декември и јануари забележаа многу денови во кои имаше повеќе од 1.000 жртви на вирусот корона.

Тие сè уште ја заземаат озлогласената петта позиција во светот според бројот на смртни случаи и седмата според бројот на луѓе кои страдаат од COVID.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести