11.8 C
Skopje
понеделник, март 25, 2024

ГАРВАНЛИЕВ: Признав дека сум ГЕЈ уште на 16 години

Пејачот Васил Гарванлиев во интервју за британскиот магазин раскажа дека неговата сексуална определба долго време била јавна тајна и меѓу роднините и меѓу пријателите. Иако повеќето претпоставувале дека е геј, никој јавно не зборувал за тоа.

„Мислам дека молчев до моите 27-28 години. Ќе дојдев во Македонија, и никој не зборуваше за тоа. Кога се женеше брат ми, на свадбата бев со мојот тогашен партнер, и тој седеше на масата покрај мене. Беше неверојатно бидејќи никој не коментираше јавно. Од друга страна, ни ние не викавме на глас дека сме заедно“, додава Васил.

Тој дека првпат открил 16 години, кога преку писмо, ѝ го признал тоа на својата мајка. Од неа добил безусловна поддршка, за која вели дека му помогнала полесно да се справи со тоа што го чувствувал.

„Иако живееме во конзервативна земја, мојата мајка Јулија е многу модерна жена. Ми кажа дека знаела долго пред да ѝ признаам, што за мене беше шок, некој да е толку отворен и свесен. Многу сум ѝ благодарен за тоа“, кажа Васил за „Репортер“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести