Белгиската полиција употреби водени топови и солзавец за да ја растера забавата на противниците на рестриктивните мерки во еден парк во Брисел.
Собирот, на кој се собраа неколку стотици луѓе кои се спротивставија на правилата за социјално растојание со цел да се потисне вирусот корона, се одржа една недела пред олеснувањето на епидемиолошките мерки, пренесува Ројтерс
Организаторите испратија покана до забавата преку Facebook, кој сепак го отстрани нивниот пост по барање на обвинителството, кое предупреди дека посетителите ризикуваат да бидат уапсени или казнети.
Многумина не носеа маски што се бара во Брисел.







