Сумо борачот Хибикиру почина еден месец откако падна на главата за време на борба, објави денеска Јапонското сумо здружение.
Според јапонските медиуми, 28-годишникот ја изгубил битката за својот живот по повеќе од 30 дена во болницата, во која завршил кога бил фрлен на работ на арената за време на борбата, и паднал удирајќи ја главата, што, за жал, беше доволно да му го скрши вратот и да му наштети на ‘рбетниот мозок.
Спортистот, чие вистинско име е Митсуки Имано, беше примен во болница на 26 март, а Јапонското сумо здружение вчера објави дека починал кога престанале да му работат белите дробови.
Хибикиру дебитираше во 2011 година и стигна до 24-то место во конкуренција на 200 борачи, во четвртиот ранг од шест во сумо борење.
