17 C
Skopje
сабота, мај 1, 2021
spot_img

ХАОС НА УЛИЦИТЕ НА ПРАГА

Околу 10 000 Чеси се собраа вчера во Прага во знак на протест против претседателот Милош Земан, барајќи Сенатот, горниот дом на чешкиот парламент, да го обвини за предавство.

Демонстрантите сметаат дека Земан, со неодамнешните коментари, застанал на страната на Русија кога станува збор за наводно учество на шпиони од таа земја во експлозија на складиште за муниција во Чешка во 2014 година и предизвикало сомневање во извештаите на безбедносните и разузнавачките служби во врска со тоа настан.

Тие го повикаа Сенатот да покрене обвинение за предавство против Земан, кого го нарекуваат „слуга на Кремљ“ и за кого тврдат дека претставува „безбедносен ризик“ за земјата, пренесува АП.

Сенатот веќе објави дека се разгледува обвинение против Земан.

Демонстрантите, кои носеа заштитни маски и ги почитуваа правилата за одржување на дистанца, се собраа на плоштадот Веценслас во Прага, а митинзи се одржаа во десетина други градови низ Чешката Република.

Земан во неделата изјави дека е можно експлозијата да е предизвикана од човечка грешка и ги повика властите да ја испитаат таа опција.

На 17 април чешките власти објавија дека Москва е наводно одговорна за експлозијата, по што 18 руски дипломати биле протерани од Прага под сомнение дека се агенти на руски специјални служби, а руското министерство возврати со иста мерка и ги протера чешките дипломати.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести