22 C
Skopje
сабота, мај 1, 2021
spot_img

ВУЧИЌ: Србија ќе добие фабрика за ПЦР тестови

Претседателот на Србија Александар Вучиќ откри дека земјата започнува да гради погон за секвенционирање на геноми на Институтот за молекуларна биологија, а најави и изградба на фабрика за ПЦР тестови.

Тој во интервју за „Блиц“ вели дека за изградбата на фабриката за секвенционирање на геномот го информирале институтот за геноми во Пекинг и верува дека ќе постигнат значителни резултати до крајот на годината.

Српскиот претседател додаде дека ќе се инвестира многу во современите медицински технологии и биотехнологии.

– Можам да ви кажам дека исто така ќе градиме фабрика за ПЦР тестови што ќе го реши проблемот со тестирање засекогаш, рече Вучиќ.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести